Ѓулер пресреќен за голот: „Реал Мадрид е најдобриот клуб во светот“

Младиот турски фудбалер, Арда Ѓулер, синоќа го постигна својот деби гол за Реал Мадрид, а задоволството не го криеше и после натпреварот, кој „кралевите“ го добија со 4-0 против Селта Виго.

Турчинот во игра влезе во 89-тата минута, а погодокот го постигна во 94-тата.

– „Кога излегов еден на еден со голманов, видеов дека ја губи позицијата, ја префрлив топката на десната нога и шутнав. Постигнав погодок и среќен сум за тоа. Многу сум среќен во Реал Мадрид. Ова е најдобриот клуб во светот. Иако е тешко, сепак мислам дека имам квалитет да играм. Доаѓаат подобри денови. Се надевам дека ќе има уште многу голови и напорно работам за тоа.“ – рече Ѓулер.

Веднаш после завршувањето на натпреварот, Карло Анчелоти му честиташе на младиот фудбалер за дебитантскиот погодок во дресот на Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести