Гума за џвакање продадена за 390.000 фунти

Легендарниот шкотски тренер Сер Алекс Фергусон за 26 години на клупата на Манчестер јунајтед беше препознатлив и по специфичниот начин на борба против нервозата и стресот, со џвакање гуми за џвакање.

Фергусон освои многу трофеи со Јунајтед, имаше важна улога во градењето на тоа што клубот претставува денеска во светскиот фудбал. Тој го водеше тимот на 1.500 натпревари, а една од навиките за време за мечевите му беше џвакањето. Англичаните пресметуваа дека популарниот Ферги изџвакал повеќе од 3.000 пакувања со мастики, но последната ќе остане во паметење.

Последната гума која ја изџвака Фергусон беше на гостувањето кај ВБА во 2013 година, и тоа парче е продадено за неверојатни 390 илјади фунти. Парите ќе бидат донирани во хуманитарната фондација на Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести