Гундоган не погоди од пенал, Јамал со „магичен“ гол ја донесе победата за Барселона (Видео)

Екипата на Барселона и седми натпревар по ред не знае за пораз во Ла Лига и веќе се искачи, барем привремено, на втората позиција на табелата. Каталонците вечерва на домашен терен ја совладаа Мајорка, многу потешко од очекуваното, со 1-0.

Херој на Барселона беше младиот Ламине Јамал, кој во 73-тата минута со фантастичен погодок го совлада противничкиот голман и донесе значајни три бода за „каталонците“.

Голманот на Мајорка, Рајковиќ, за малку ќе беше играч на натпреварот, со оглед на тоа дека во 23-тата минута му одбрани пенал на Гундоган, но остана немоќен при ударот на Јамал.

Барселона сега е на втората позиција со 61 бод, пет помалку од лидерот Реал Мадрид и два повеќе од Жирона, но и двете екипи имаат меч помалку од „каталонците“.

- Оглас -

Најнови вести