Гундоган останува верен граѓанин на Манчестер

Играчот за врска на Манчестер сити, Илкај Гундоган, ја продолжи соработката со клубот откако денес го стави својот потпис на новиот договор до 2023 година. Германскиот репрезентативец влезе во последната година од договор со Сити кој го потпиша во 2016 година, па Граѓаните се погрижија да ги задржат неговите услуги и во следните неколку сезони.

„Уживав во изминативе три години и среќен сум што го направив вистинскиот избор да ја продолжам соработката со клубот. Вистинска привилегија е да се биде дел од овој состав, кој стана велесила и оствари многу успех, а се надевам дека ќе продолжиме со исто темпо“, истакна Гундоган.

Германецот со турко потекло досега настапи на 115 натпревари за Граѓаните во кои запиша 17 погодои и исто толку асистенции. Двете едноподруго титули во Премиер лигата му се најголем успех, а освои и два Лига купови како и еден ФА куп откако пристигна на „Етихад“.

- Оглас -

Најнови вести