Гундоган позитивен на корона-вирусот, но нема проблем, Сити ќе игра вечерва

На последното тестирање за корона-вирусот, играчот на Манчестер сити, Илкај Гундоган беше позитивен и веќе е ставен во 10-дневна самоизолација. Од таборот на Граѓаните потврдија дека германскиот интернационалец нема да биде во составот за денешниот меч против Вулверхемптон, но сигурно нема да има одложување на дуелот.

„Илкај е позитивен на корона-вирусот и сега му следи 10-дневна самоизолација според протоколот на Премиер лигата и на Владата на Велика Британија. Сите во клубот на Илкај му посакуваат брзо закрепнување“, стои во соопштението од Манчестер сити, без да се наведе во каква состојба е заразениот фудбалер.

Гундоган е третиот фудбалер на Сити кој периодов е заразен од опасниот вирус. Претходно, без поголеми проблеми, вирусот го поминаа Марез и Лапорте. Освен денешниот меч против Вулверхемптон, Гундоган ќе ги пропушти и дуелите против Борнмут во Лига купот и лигашката пресметка против Лестер следната недела.

 

- Оглас -

Најнови вести