Гундоган: „Со Сити имав совршен крај, сонот од детството ми беше да играм за Барселона“

Репрезентативецот на Германија, Илкај Гундоган, летово како слободен фудбалер се пресели од Манчестер сити во Барселона. Иако беше еден од најдобрите фудбалери на Граѓаните и стигна до трофејот од Лигата на шампионите со нив, сепак се одлучи да си го исполни сонот од детството и да заигра за Барселона.

„Сити чекаше релативно долго пред да се интензивираат разговорите. Тоа беше совршен крај. Не можеше да дојде во подобро време. Сон од детството ми беше да играм за Барселона“, рече Гундоган за германскиот „Билд’.

Германецот со турско потекло веќе одигра четири натпревари за Каталонците, во кои запиша две асистенции. Претходно за Манчестер сити одигра 304 натпревари, во кои имаше 60 гола и 40 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести