Гужва на Истокот – Кој ќе го фати последниот воз за плејофот?

На Источната конференција во НБА-лигата се бие битка за последните три места кои водат во разигрувањата, а четири екипи се во игра. Битката е меѓу Детроит, Бруклин, Мајами и Орландо, а ноќеска сите четири екипи претрпеа пораз, па на четири меча до крајот на регуларниот дел, ги дели една победа.

Индијана му го нанесе 38-миот пораз на Детроит сезонава со конечни 111:102, но Пистонс засега има предност пред останатите три екипи. Тие имаат шести најдобар учинок на Истокот со 39 победи. Зад нив е Бруклин, а Нетси загубија на домашен терен од Милвоки со 121:131, меч во кој доминираа Бледсо и Адетокумбо со 29, односно 28 поени.

За Бруклин ова е 39-ти пораз, а има исто толку победи, па засега е на седмото место. Пораз претрпе и осмопласираниот тим на Мајами, каде што на гостувањето кај Бостон загуби со 110:105. Учинокот на расположениот Горан Драгиќ (30 поени) не беше доволен за трикратниот шампион на НБА да избегне ново разочарување.

На Торонто не му беше потребен триумф, но на негов терен падна Орландо со конечни 121:109. Екипата од Флорида го претрпе 40-тиот пораз, Вучевиќ и другарите немаа одговор за загреаниот Дени Грин, кој заврши со 29 поени и седум реализирани тројки од 10 обиди.

Резултати НБА: Индијана пејсерс 111:102 Детроит пистонс, Бостон селтикс 110:105 Мајами хит, Бруклин нетс 121:131 Милвоки бакс, Њујорк никс 113:105 Чикаго булс, Торонто репторс 121:109 Орландо меџик, Минесота тимбервулвс 122:132 Портланд трејлблејзерс, Далас маверикс 122:102 Филаделфија севентисиксерс, Јута џез 111:102 Шарлот хорнетс, Феникс санс 122:113 Кливленд кавалирс.

Табела Исток од шесто до деветто место:

6. Детроит пистонс 39-38

7. Бруклин нетс 39-39

8. Мајами хит 38-39

9. Орландо меџик 38-40

- Оглас -

Најнови вести