Гвардиол го пропушти тренингот на Хрватска

Стоперот на хрватската репрезентација Јошко Гвардиол не тренираше денеска во Катар. Според најавите, Гвардиол е добар и не се работи за некаква поведа, туку само добил поштеда за да закрепне по исцрпувачкиот дуел против Бразил. Гвардиол е еден од најдобрите фудбалери на Хрватсла на овој Мундијал.

Младиот дефанзивец кој има само 20 години стана незаменлив во тимот на Златко Далиќ, кој се пласираше во полуфиналето на Светското првенство во Катар. Аргентина е следниот предизвик за Коцкестите, а подобриот од овој меч ќе игра во финалето на планетарниот собир со подобриот од средбата Мароко – Франција.

Освен Гвардиол, полн тренинг не одработи ниту Марсело Брозовиќ кој имаше само полесен тренинг, но се очекува и тој да биде подготвен за борба против Лионел Меси и останатите Гаучоси.

Аргентина е двократен светски првак од Мундијалите во 1978 и 1986 година, додека Хрватска е актуелен светски вицепрвак, откако играше во финалето пред четири години во Русија.

- Оглас -

Најнови вести