Гвардиола бил тренер на 686 меча, а ваков дебакл немал досега

Манчестер сити беше немоќен и убедливо со 2:5 загуби на свој терен од Лестер. Овој пораз беше страшен удар за тренерот на Граѓаните Пеп Гвардиола. Шпанскиот стратег никогаш претходно во кариерата не водел клуб кој на еден меч примил пет гола.

Гвардиола како тренер има 686 натпревари и никогаш негов тим не примил пет гола. Досегашниот антирекорд му беше четири примени гола кога беше предводник на Баерн Минхен, а во Лигата на шампионите прими четири гола од Реал Мадрид на „Алијанц арената“ во април 2014 година.

Поразот од Лестер беше срамен и за Сити затоа што тимот од Манчестер за прв пат прима пет гола на свој терен во последните 438 меч. Сити и Гвардиола ќе го памтат и Џејми Варди. Англискиот репрезентативец даде три гола во вчерашниот убедлив триумф.

Варди е првиот фудбалер кој има два хет-трика против екипи предводени од Гвардиола. Единствено само уште Лионел Меси еднаш дал три погодоци против екипа на Гвардиола.

 

 

- Оглас -

Најнови вести