Гвардиола: Англичани извинете, ама ќе навивам за мојот Баерн

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, по триумфот на неговиот тим против Шалке, изјави дека на вечерашната пресметка помеѓу Баерн Минхен и Ливерпул ќе навива за германскиот тим.

Англичаните посакуваат првпат да имаат четири тима во четвртфиналето на Лигата на шампионите, тоа ќе се случи ако Ливерпул слави во Минхен, но Гвардиола посакува триумф на Баварците. Секако, нема сите во Англија да навиваат за Ливерпул, па со оваа изјава Шпанецот нема да добие многу непријатели во земјата во која е на печалба.

Во минатата сезона, Сити беше елиминиран од Ливерпул, па можеби и затоа Гвардиола не сака „црвените“ да го совладаат најголемиот германски клуб.

„Жал ми е за Англичаните, но јас сакам Баерн да оди понатаму. Јас сум дел од тој клуб. Го сакам Минхен, го сакам Баерн, имам многу пријатели таму“, објасни Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести