Гвардиола: Бев бавен, немав дриблинг, лош бев во воздушни дуели…

Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, во едно интервју кажа дека имал многу среќа што како играч бил член на голем клуб како Барселона бидејќи со тогашните перформанси кои ги имал, во денешно модерно време ни на сон не би можел да настапува на врвно ниво.

„Најдобрите години како фудбалер ми беа кога имав 23, 24. Да бидам искрен, Барселона многу ми помогна, се снајдов некако, мислам дека во денешно време не би имал шанса да играм во голем клуб. Сега играчите и тренерите се многу поподготвени, технологијата напредува. Јас бев бавен, немав силен шут, немав дриблинг, бев лош во воздушни дуели, не бев брз“, изјави Гвардиола, на кој најболен пораз во кариерата му биле оние 0-4 со Баерн против Реал Мадрид во Минхен.

- Оглас -

Најнови вести