Гвардиола: Бевме блиску до финале, но фудбалот е непредвидлив и мора да го прифатиме тоа

Екипата на Манчестер сити втора сезона по ред не успеа да се пласира во финалето од Лигата на шпампионите.

Синоќешната сензационална елиминација од Реал Мадрид значи и крај на надежите дека Пеп Гвардиола оваа сезона може да му ја донесе првата титула на Манчестер сити во најелитното клупско натпреварување.

„Не одигравме најдобро прво полувреме, но ниту тие не блескаа. Во вториот дел ја контролиравме играта, но тие во еден момент ставија многу играчи во нашиот шеснаесетник.

Навистина бевме блиску до финалето, но фудбалот е непредвидлив и мораме да го прифатиме тоа.

Играчите се тажни, а сега ќе ни биде потребно и време да ги пребродиме овој пораз и елиминацијата“, изјави Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести