Гвардиола: Чувствувам дека Манчестер сити и сезонава ќе ја освои Премиер лигата

Менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, верува дека неговиот тим и оваа сезона ќе биде шампион на Англија, што би им била рекордна четврта премиерлигашка титула по ред.

По 14 кола, Сити во моментов е трети на табелата, со три бода помалку од првопласираниот Арсенал. Во ова време минатата сезона Граѓаните имаа осум бода помалку од Арсенал, но на крајот беа први со пет бода пред Топчиите.

„Чувствувам дека ќе ја освоиме Премиер лигата. Ако играме на нивото како против Ливерпул и Тотенхем, пак ќе ја освоиме титулата. По трите ремија, луѓето не ни веруваат, но имам чувство дека ќе успееме. Знаеме дека нема да биде лесно, никој досега не бил првак четири години по ред“, изјави Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести