Гвардиола е за екстремна варијанта

Сѐ поголем е бројот на мечевите на кои е забрането присуството на публика. Англија е единствената земја која е во Топ 5 лиги во Европа што досега нема воведено забрана за присуство на публика на ниту еден меч. Манчестер сити на свој терен ќе треба да игра против Реал Мадрид во реванш-дуелот од осминафиналето во Лигата на шампионите, а засега УЕФА за овој меч нема донесено одлука да се игра без публика.

Тренерот на Граѓаните, Пеп Гвардиола, вели дека нема смисла дуелите да се играат без гледачи и дека подобро е натпреварите воопшто да не се играат.

„Фудбал без навивачи? Нема смисла да играме ако навивачите не може да дојдат на стадионите. Ќе го направиме тоа што мора да го направиме, но не може да се ужива во натпревари без гледачи. Подобро да ги одложат мечевите отколку да се играат пред празни трибини“, вели Гвардиола.

УЕФА досега реши без публика да се играат мечевите меѓу Валенсија – Аталанта, ПСЖ – Борусија Дортмунд и Барселона – Наполи во Лигата на шампионите, како и тие меѓу Линц – Манчестер јунајтед, Интер – Хетафе, Севилја – Рома во Лигата на Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести