Гвардиола ги збуни сите кога откри кој тим за него е најдобар

Пеп Гвардиола од Манчестер сити направи „машина за победување“, а тоа се потврдува и со фантастичната серија која ја има англискиот тим. Граѓаните имаат 20 победи во низа во сите натпреварувања. Серијата на Сити започна на 19 декември минатата година, кога беше победен Саутхемптон со 2:1, а потоа беа наредени уште 19 триумфи за два и пол месеци игра.

Иако Сити е во потера на светскиот рекорд по бројот на победи едно по друго, Гвардиола не смета дека неговиот тим е најдобар во светот и даде дипломатски одговор.

„Најдобар тим во Европа и во светот е Баерн Минхен. Тие успеаја да ги освојат сите трофеи и затоа се најдобри. Ливерпул е најдобар тим во Англија затоа што се актуелни прваци. Сега е март и уште нема нов шампион. Ние мора да продолжиме да бидеме добри и да се обидеме да стигнеме до титулата. Секако, не смее да заборавиме дека последниве неколку месеци сме одлични. Добро играме, лесно победуваме, па дури и кога не сме на посакуваното ниво, како што беше на дуелот против Вест хем, ги освојуваме планираните бодови“, рече Гвардиола.

Потерата по 21-вата победа на Сити ќе биде во дуелот против Вулверхемптон.

 

- Оглас -

Најнови вести