Гвардиола го победи, па го испофали Артета (Видео)

Пеп Гвардиола го надмудри и го победи Микел Артета, а потоа го испофали некогашниот помошник, кој му беше асистент од 2016 до 2019 година во Манчестер сити.

Вечерва Сити успеа да слави во Лондон против Арсенал со 1:0, со голот на Рахим Стерлинг во 76-тата секунда од мечот. Гвардиола ѝ се радуваше на рекордната 18-та победа по ред на Сити во сите натпреварувања, или вкупно 13 во низа во Премиер лигата.

„Денеска успеав да го победам Артета, но не беше лесно. Во одреден дел од првото полувреме беа подобри од нас. Артета е одличен тренер, знае сè за фудбалот. Тоа го велам дека е вистина, не дека ми е пријател. Учам од него и од начинот на којшто го води Арсенал на натпреварите во Премиер лигата“, изјави Гвардиола.

Guardiola – "Mikel knows everything, he is so good, he is so clever, I learn a lot watching his teams, he knows everything about football" from soccer

Манчестер сити со неверојатниот серијал од победи е убедлив лидер во Премиер лигата со 59 бода, 10 повеќе од второпласираниот Лестер.

 

- Оглас -

Најнови вести