Гвардиола го спореди фудбалскиот календар со микробранова печка

Најтрофејниот активен фудбалски тренер на светот, Хосеп Гвардиола, повторно го критикуваше пренатрупаниот календар на главните клубови во Европа. Менаџерот на Манчестер сити направи и интересна споредба со микробранова печка.

„Читам дека од следната сезона ќе има повеќе мечеви. Тоа не е добро за фудбалот. Карло Анчелоти го кажа истото во Шпанија, Маурицио Сари во Италија. Знам дека нашите зборови нема да променат ништо. Немаме време за анализа и рестартирање, не можеме да мислиме дали играме добро или лошо. Немам доволно тренинзи за да се подобри тимот. Се бараат резултати, а добрата храна бара време за приготвување. Во микробранова печка нема такво нешто бидејќи се готви брзо. И во фудбалот е така“, кажа Гвардиола.
- Оглас -

Најнови вести