Гвардиола и Симеоне се подготвени за трампа – Габриел Жузус оди во Атлетико, Родри ќе игра за англискиот првак

Пеп Гвардиола и Диего Симеоне се блиску до договор за размена на двајца играчи, кои би биле одлични засилувања и за Манчестер сити и за Атлетико Мадрид.

Напаѓачот од Бразил, Габриел Жезус би се преселил од Манчестер во Мадрид како идеална замена за Антоан Гризман кој ќе си замине од Атлетико, а во спротивен правец во редовите на англискиот шампион би дошол Родри.

Родри има само 22 години и во него Гвардиола гледа вистинска замена за ветеранот Фернадињо, кој има 33 години, па на Манчестер сити одлично би му дошол таков профил на играч.

Жезус е еден од најдбрите напаѓачи во Премиерлигата, но за жал по него Сити го има Серхио Агуеро, кој е незаменлив во стартната постава на шампионот. Јасно е дека врсникот на Родри има желба многу повеќе да игра, а и за него преселбата во Мадрид, кај Атлетико би била идеален потег, како замена за Гризман.

- Оглас -

Најнови вести