Гвардиола и Сити сами против сите: Цела земја и медиумите во Англија навиваат за Ливерпул

Пеп Гвардиола умешно го води Манчестер сити кон одбрана на титулата во Англија и вели дека за среќа се зависи само од нив, дали ќе успеат да се закитат со нова англиска шампионска круна.

По победата против Њукасл со 5:0 денеска, Манчестер сити има три бода предност пред Ливерпул на три кола до крајот на Премиерлигата.

„Целата земја, вклучувајќи ги и англиските медиуми навиваат за Ливерпул. За наша среќа ние сами си ја кроиме судбината во трката за титулата“, изјави Гвардиола по победата против Њукасл.

До крајот на првенството Манчестер сити ќе игра со Вулверхемптон и Вест хем на гости и во последното коло со Астон Вила на свој терен.

Ливерпул ќе им гостува на Астон Вила и на Саутемптон, а во последното коло го чека Вулверхемптон на „Енфилд роуд“.

 

- Оглас -

Најнови вести