Гвардиола им пушта водичка на мадриѓани: Ако некој може да го сврти ова, тоа е Реал

По триумфот на гостувањето кај Реал Мадрид, тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, рече дека работата околу пласманот во четвртфиналето не е завршена, има уште 90 минути. Гвардиола е единствениот тренер кој како гостин го победил Реал во Мадрид дури шестпати. Досега Гвардиола беше изедначен со Еленио Ерера.

„Не мислам дека е готово. Ако има некој тим кој може да сврти елиминација по пораз, тоа е Реал Мадрид. Ова е натпреварување во кое има подеми и падови. Тие ни дадоа гол кога бевме најдобри, ние дадовме гол кога тие беа најопасни. Задоволен сум што дадовме два гола“, рече Гвардиола.

Зинедин Зидан досега има 12/12 во елиминации и финалиња, Реал со него никогаш не бил елиминиран, но сезонава изгледа на таа убава низа ќе ѝ дојде крај, и тоа во 13-тиот несреќен елиминациски меч.

Кралскиот клуб сезонава победи само на половина мечеви на кои прими барем еден гол и јасно е дека им фали убиственост во нападот. Само 7 проценти од тимовите кои на првиот меч дома загубиле 1-2, отишле понатаму. Реал само против Тирол во далечната 1970 година успеал да се пласира во следна рунда по пораз на свој терен. Но, иако „Бернабеу“ им е домашен терен, резултатите не го кажуваат тоа. Во ЛШ, Реал во Мадрид доби само еден од последните шест меча.

- Оглас -

Најнови вести