Гвардиола има егзотични планови за кариерата по Манчестер сити

Кога ќе си замине од Манчестер сити, шпанскиот стручњак Пеп Гвардиола ќе го напушти европскиот клупски фудбал. Ова го тврди неговиот брат Пере, кој е агент. Пере Гвардиола ќе отвори филијала на својата менаџерска агенција во Јужна Америка.

„Пеп го интересираат репрезентација или клуб од Јужна Америка. Сака еден ден да биде селектор, но ќе видиме дали ќе добие понуда“, вели Пере Гвардиола, кој додава дека не верува дека брат му може да биде селектор на Бразил бидејќи Бразилците не сакаат странец да им го води националниот тим.

Договорот на Пеп Гвардиола со Сити истекува следната година, но и да си замине уште во јули 2021, нема да се врати во Баерн, ниту ќе го преземе Јувентус, како што се шпекулира. Можни опции би му биле бразилските клубови Фламенго, Палмеирас или Атлетико Паранаенсе.

 

- Оглас -

Најнови вести