Гвардиола има одличен план – Сака да го замени Агуеро со 20-годишната машина за голови

Пеп Гвардиола има одличен план за замена на Серхио Ахгуеро, кој е при крај со кариерата во Манчестер сити, а топ-пик на менаџерот на Граѓаните е Ерлинг Халанд.

Норвежанецот моментно е повреден, но одигра одлична сезона во Борусија Дортмунд, претходно и во Салцбург и е веројатно и најдобриот шпиц во Европа во класата играчи на возраст до 20 години.

Борусија го купи од Салцбург за нешто над 20 милиони евра во јануари годинава, а сега Халанд има отштетна клаузула од над 70 милиони евра.

Норвежанецот има договор со Борусија до 2024 година, а во последните две сезони блескаше и е вистинска машина за голови.

Во натпреварите во различни категории за Салцбург, Борусија и за норвешката репрезентација во последните две сезони псотигна над 60 погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести