Гвардиола: Ливерпул би бил првак и во Шпанија, Италија или Германија

Билансот на Ливерпул од 22 победи и еден нерешен резултат во 23 кола од Премиерлигата, го натера тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, да признае дека трката со Црвените за титулата е загубена, и оти моќта на ривалот е преголема.

„Јасно е дека Ливерпул ќе ја освои Премиерлигата. Тие би биле шампиони и во шпанското, германското или италијанското првенство. Во секоја лига би биле прваци со 22 победи и едно реми од 23 меча. Со бодовите кои ние ги имаме во моментов, не би имале толку големо заостанување ако игравме во Шпанија, Италија или Германија. Ливерпул е фантастичен, неверојатен, феноменален. Мора да го прифатиме тој факт и да ја научиме лекцијата“ – изјави Гвардиола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести