Гвардиола ме избрка од Сити, два дена не можев да јадам кога ми кажа дека сум вишок

Бразилскиот репрезентативец Габриел Жесус откри дека минатото лето одлучил да си замине од Манчестер сити и да се пресели во Арсенал откако Хосеп Гвардиола му рекол дека е вишок.

Гвардиола пет години му беше тренер на Бразилецот, пред да се разделат и Жесус да потпише за Арсенал.

„Игравме против ПСЖ во Лигата на шампионите, а Пеп го стави Зинченко како лажна деветка. Тоа беше лудо, еден ден претходно воопшто не го користеше Зинченко на тренингот, мораше мене да ме стави како напаѓач. Дури и Зинченко се задеваше со мене и ми рече дека му е незгодно. Кога Пеп ми рече дека нема да играм, два дена не можев да јадам. Веднаш заминав дома и заплакав. И се јавив на мајка ми и ѝ реков дека сакам да си одам. Наместо мене, му даде шанса да игра како напаѓач на бек. Полудев поради тоа“, откри Жесус.

- Оглас -

Најнови вести