Гвардиола му одржа час по фудбал на Солскјер, а Манчестер е обоен во сино (ВИДЕО)

Манчестер сити со 2:0 го победи Манчестер јунајтед во дербито од 11. коло од англиската Премиер лига.

Градското дерби беше решено по првиот дел, а денеска се виде и најголемата разлика што ја имаат овие два тима, а тоа се тренерите.

Пеп Гвардиола му одржа час по фудбал на Оле Гунар Солскјер, а Манчестер сити практично доминираше во текот на сите 90 минути, иако во вториот дел играше со половина гас.

Првиот гол падна во седмата минута, а беше дело на Ерик Бејли кој ја „заби“ топката во мрежата на немоѓниот Давид де Хеа, кој, пак направи голем пропуст за втората радост на гостите.

Бернардо Силва стрелаше во завршницата од првиот дел, а голманот реагираше лошо. Сепак, Де Хеа може да се каже дека беше спасител на домаќините, кои можеа повторно да загубат со огромен резултат, нешто слично како и на дербито со Ливерпул.

Овој пораз на Манчестер јунајтед значеше и уривање на неколку негативни рекорди, со што тимот практично го допре дното.

- Оглас -

Најнови вести