Гвардиола најави дека Сити против Црвена ѕвезда ќе игра со „втор тим“

Актуелниот европски првак Манчестер сити одбраната на тронот во Лигата на шампионите ќе ја започне утре, на свој терен, и тоа против Црвена ѕвезда. Српскиот првак, кој е во резултатска криза (загуби два меча во домашното првенство), е аутсајдер на гостувањето во Сити, а тренерот на Граѓаните, Пеп Гвардиола, најави дека може да се очекува шампионот да игра и со „втор тим“.

Шпанскиот стратег објасни дека има големи проблеми околу составот, па затоа ќе има и средби на кои главните фудбалери ќе одмораат.

„Си заминаа Марез и Гундоган, но благодарен сум што ги задржавме Вокер и Бернардо Силва. Тие двајца се многу значајни фигури во нашиот тим и не знам што ќе правев ако и тие заминеа. Потребни се две-три години за да се заменат такви играчи и затоа сум среќен што сè уште тука. Сепак, имаме проблем со мал број фудбалери на клупата за резерви. Кога имате многу повредени, тоа е проблем. Жал ми е што ќе има и натпревари на кои ќе мора да играме со „втор тим“ затоа што нема да смееме да ги ризикуваме главните фудбалери. Де Бројне и Стоунс и понатаму се повредени, а за Ковачиќ и Грилиш не ја знам точната состојба и колку долго ќе паузираат. Мислам дека нема да бидат подготвени за Црвена ѕвезда, но ќе видиме“, рече Гвардиола.

Без разлика со кој тим Сити ќе настапи, Граѓаните се апсолутни фаворити за победа над Црвена ѕвезда.

- Оглас -

Најнови вести