Гвардиола најави пораз на Сити на следниот меч, а коефициент за тоа е 7.90!

Манчестер сити победнички ја започна новата сезона во Премиер лигата откако со 3:1 славеше на гости кај Вулверхемптон. Со овој триумф само продолжи убавата низа на Граѓаните и веќе 10 сезони по ред освојуваат три бода во првиот првенствен натпревар.

За Сити сега започна пеколниот распоред, а тренерот Пеп Гвардиола најави дека неговиот тим нема сили да го следи тоа темпо. Во четврток Манчестер сити на својот „Итихад“ ќе го пречека Борнмут, во меч од шеснаесетфиналето на Лига купот, а Гвардиола како да најавува предавање и испаѓање на неговиот тим.

Шпанскиот стратег објаснува дека сезонава нема доволен број фудбалери за да атакува на сите фронтови, па некако уште на стартот како да сака да се откаже од Купот кој Сити го освојува во последните три сезони.

„Го освојувавме Лига купот трипати во низа и би сакале да продолжи таа добра серија, но сепак во овој момент немаме доволен фонд на играчи за да играме на секои три дена“, објасни Гвардиола.

За дуелот против Борнмут, Граѓаните најверојатно ќе играат со младинците и играчите од резервниот тим, додека најдобрите фудбалери треба да одморат за да бидат подготвени за дуелот против Лестер во следното коло од Премиер лигата, кој се игра в недела.

 

- Оглас -

Најнови вести