Гвардиола налето останува без три клучни ѕвезди?

Манчестер сити го очекува најбурниот летен преоден рок во клупската историја бидејќи може да остане без тројца клучни фудбалери од средниот ред, пишува шпанскиот „Насионал“.

Според „Насионал“, менаџерот на Граѓаните, Хосеп Гвардиола, налето ќе остане без три ѕвезди кои Сити дефинитивно нема да биде иста екипа и за кои е тешко да се пронајде замена. Тоа се Кевин де Бројне, Бернардо Силва и Џек Грилиш.

За првите двајца медиумите шпекулираа дека ќе си заминат на крајот од сезоната, а изненадување претставува името на Џек Грилиш кој е најскап фудбалер во историјата на Манчестер сити. Како следна дестинација на Бернардо Силва се споменува Барселона, додека медиумите го селат Де Бројне во Саудиска Арабија.

Згора на тоа, медиумите во Англија и во Шпанија пишуваат дека наскоро од Сити би можел да си замине и менаџерот Хосеп Гвардиола. Неговиот договор истекува идната година и се шпекулира дека нема да го продолжи и како негов наследник на клупата на Сити се споменува актуелниот тренер на Жирона, Мичел Санчес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести