Гвардиола: “Навивач сум на Барселона, но овој клуб ќе го сакам до крајот на животот“

Манчестер Сити е на чекор од освојување на тројната круна, откако во финалето на ФА Купот го совлада градскиот ривал Манчестер Јунајтед со 2-1.

– “Сега веќе можеме да разговараме за тројната круна. Секако, треба да ја освоиме и Лигата на шампионите. Одигравме за својот град и за своите навивачи. Јунајтед одигра одлична одбрана и не очекувавме дека ќе се брани така. Дури во продолжението имавме повеќе простор. На играчите сега ќе им дадам два слободни дена, а потоа имаме три или четири тренинзи до финалето на ЛШ. Во понеделник после утринскиот тренинг ќе патуваме. Овој ФА Куп е многу убав. Навивач сум на Барселона, но овој клуб ќе го сакам до крајот на мојот живот. Знам дека денес на своите навивачи им подаривме одличен подарок и знам што за нив значи да се победи градскиот ривал.“ – изјави Гвардиола после освојувањето на ФА Купот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести