Гвардиола не се предава: Останувам во Сити, макар да нè префрлат и во понизок ранг

Пеп Гвардиола вели дека ќе остане тренер на Манчестер сити и во случај Фудбалската асоцијација на Англија да го префрли клубот во понизок ранг. И се пожали дека никој не му помага на клубот, кој е казнет од УЕФА со двегодишна забрана за настап во Лигата на шампионите и ќе треба да плати 30 милиони евра парична казна.

„Не добивме поддршка од никого во фудбалскиот свет. Не можете сосила да ги промените луѓето. Горд сум на постигнувањата на Манчестер сити во изминативе години. Работевме напорно и никој не ни помагаше. Сите успеси што ги имавме беа заслужени и заработени со напорна работа. Ова не е готово и секако ќе се жалиме на одлуката на УЕФА“, вели Гвардиола.

Сепак, ако казната на УЕФА биде потврдена од Арбитражниот суд за спорт во Лозана, тогаш за актуелниот анлгиски првак следат тешки денови, а најавен е вистински егзодус на фудбалерите, кои не сакаат да апстинираат од настапите во Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести