Гвардиола: Не сме во позиција да размислуваме за титулата

Во дербито на 22-то коло во Премиер лигата, Тотенхем го победи Манчестер Сити со 1:0, а херој беше новиот рекордер на Петлите, Хари Кејн. Менаџерот на Граѓаните, Хосеп Гвардиола, е незадоволен од резултатот.

„Тотенхем поведе по наша грешка. Не е лесно да се вратите кога играте против десет играчи што се бранат. Одигравме добро, имавме шанси, но, ни недостасуваше завршница“, изјави Гвардиола.

Интересно е што ова е петти пораз во петтиот натпревар кој Манчестер сити го игра на новиот стадион на Тотенхем.

„ Порано или подоцна ќе победиме, но за мене е невообичаено што не постигнавме ниту еден гол. И во минатото промашувавме пенали. Не е лесно да се најде објаснување за тоа. Тотенхем има одличен тим кој секогаш може да ве казни. Сега не сме во позиција да размислуваме за титулата, туку само за следниот натпревар против Астон Вила, да се подготвиме добро и да одиграме најдобро што можеме“, рече Гвардиола.

Човек на одлука беше Хари Кејн кој со голот најдобар стрелец во историјата на Тотенхем. Кејн сега има 267 гола во дресот на Тотенхем во сите натпреварувања и го надмина легендарниот Џими Гривс.

Исто така, со голот, Кејн влезе во елитен клуб во кој досега имаше само двајца фудбалери. Имено, Кејн им се приклучи на Алан Ширер и Вејн Руни, како единствени фудбалери што постигнале 200 гола во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести