Гвардиола: Не сум најдобар, имав среќа што ги тренирав Меси, Чави и Иниеста

Манчестер сити вечерва гостува кај Шалке 04 (21 часот) во пресрет на првата пресметка во осминафиналето од Лигата на шампионите. На прес-конференцијата која се одржа претходниот ден на Пеп Гвардиола му поставија доста интересно прашање, на кое одговори без многу колебање, поточно се согласи со новинарот.

Прашањето гласеше: Дали Гвардиола навистина може да се смета за најдобар тренер во светот, иако има освоено трофеј во Лигата на шампионите со тим во кој беа Лионел Меси, Чави Ернандес и Андрес Иниеста?

„Апсолутно се согласувам со вас, ниту една секунда нема да потрошам за расправија. Имав среќа што бев тренер на Меси, Чави и Иниеста“, истакна Гвардиола.

Во тригодишниот престој на клупата на Барселона, Гвардиола двапати ги однесе Каталонците до самиот врв на Европа, против Манчестер јунајтед во два наврати, во 2009 и 2011 година. Со Баерн Минхен не успеа, а ова му е трета шанса со Манчестер сити, откако во изминатите две сезони претрпе елиминација во четврт-финалето, односно во осминафиналето од најелитното натпреварување на Стариот Континент.

- Оглас -

Најнови вести