Гвардиола објасни зошто го извади Халанд од игра по постигнатите пет гола

Ерлинг Халанд синоќа испиша историја во Лигата на шампионите откако постигна пет гола на дуелот против Лајпциг и за тоа му беа потребни само 57 минути. Низ историјата во ЛШ, единствено Лионел Меси досега имаше дадено пет погодоци на дуел од нокаут-фаза, а сега до него е и Халанд.

Многумина од фановите му замерија на тренерот на Граѓаните, Пеп Гвардиола, затоа што реши да го извади Халанд од игра, иако имаше уште половина час игра во која голгетерот сигурно ќе се обидеше да стигне и до шести погодок. Шпанскиот стратег имаше објаснување за својот потег.

„Да се постигне ова само на 22 години, па во иднина ќе му биде многу здодевно. Сега има цел во иднина да го надмине и овој подвиг. Затоа ја направив замената. Не знаев за Меси и неговите пет погодоци против Баер Леверкузен, но најчесто правам замени кога средбата е решена затоа што сакам да играат и останатите фудбалери. Халанд даде пет гола, па сега кога ќе постигнува два или три погодоци, ќе биде критикуван“, вели Гвардиола во своето објаснување за потегот да го извади од игра петкратниот стрелец против Лајпциг.

- Оглас -

Најнови вести