Гвардиола откри кој е најголем адут на Сити во трката за титулата во Премиер лигата

Манчестер сити е екипата која доминира во англиското првенство во последниве неколку сезони и има пет титули во последните шест сезони. И за оваа сезона, тимот на Пеп Гвардиола е во редот на фаворити за трофејот, но во досегашниот дел од првенството, не оди според планот на Граѓаните.

Сити сигурно нема да биде лидер по комплетирање на првиот дел од сезоната, а Гвардиола анализира дека ова е ногу израмнето првенство каде се случуваат и многу изненадувања.

„Екипи од долниот дел од табелата освојуваат бодови против тимови од горниот дел. Во последните неколку сезони немаше тоа не се случуваше често, фаворитите да се борат и да се мачат на секој дуел. Ние нема да се предадеме. Фокусирани сме. Кога ќе загубиме меч велат дека сме надвор од трката за титулата, кога ќе победиме, веднаш се враќаме во игра за трофејот. Долго е првенството. Можевме да бидеме и подобри во досегашниот дел, но не треба да сме алчни. Искуството е шансата на Манчестер сити да стигне повторно до титулата“, вели Гвардиола.

Следен ривал на Сити е Шефилд јунајтед кој е последен на табелата и се очекува Граѓаните лесно да стигнат до трите бода.

- Оглас -

Најнови вести