Гвардиола откри кој играч го одбил: „Не сакаше да дојде ниту за сите пари на светот“

Екипите на Манчестер сити и Арсенал утре ќе го одиграат дерби-дуелот од Премиер лигата кој може да даде правец како ќе се одвива борбата за титулата во Англија. Во пресрет на дуелот со „топчиите“, тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, откри интересни детали за играчот кој ниту за сите пари на светот не сакал да го облече дресот на „граѓаните“.

„Низ годините имаше многу играчи кои сакавме да ги доведеме, но на крајот тие не се одлучија да ни се придружат. Деклан Рајс е еден од тие, но тој не е првиот кој не сакаше да дојде, имаме долга листа. Воглавно, Деклан не сакаше да дојде ниту за сите пари на овој свет, едноставно не сакаше. Донесе одлука за која мисли дека е најдобра за него и ние може само да му посакаме среќа. Таков играч сите би сакале да имаат во екипата.“ – рече Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести