Гвардиола откри што им кажал на своите играчи на полувреме, но дали ја кажа вистината?

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, раскажа што им порачал на своите фудбалери во соблекувалната по негативата од 0-1 на полувремето против Црвена ѕвезда.

„Да губите со 0-1 на полувреме по сето тоа што го направивме, не беше пријатно. Требаше да покажеме дека сме шампион кој е способен да прави пресврти. На последните два меча пропуштивме многу шанси. Играме добро, но не можеме да постигнеме гол. Да имаш 22 шута, значи дека си играл добро, но напаѓачите треба да даваат голови. Да дадевме рано два гола, мечот ќе беше многу поразличен“, рече Шпанецот.

По мечот, Гвардиола беше задоволен од победата и рече дека наводно на своите играчи на полувреме им рекол дека ги сака.

„Им реков момци не играте лошо, заборавете го резултатот, само да бидеме мирни, можеме да направиме пресврт. Им реков да продолжат да играат така и дека ги сакам“, кажа Гвардиола со насмевка на лицето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести