Гвардиола постави личен антирекорд

Манчестер сити беше немоќен да се спротистави на тактиката на Тотенхем, па поразот на гостувањето во Лондон беше неизбежен. Иако Граѓаните на теренот делуваа доминантно и статистички беа многу подобри, тимот на Жозе Мурињо на крајот се радуваше со 2:0.

По овој пораз, Сити остана на 12 бода по осум одиграни кола. Ако се гледа историјата на тренерот Пеп Гвардиола, ова е најслаб старт за тим предводен од шпанскиот стратег. Гвардиола претходно бил на клупите и на Барселона и Баерн Минхен, но никогаш немал само 12 освоени бода од осум натпревари.

Минатата сезона со Сити во овој дел од Премиер лигата, тимот имаше освоено 16 бодови.

Следниот предизвик за Сити и шанса за три бода е дуелот на свој терен против Барнли на 28 ноември.

 

- Оглас -

Најнови вести