Гвардиола: Сфатив дека ние тренерите и фудбалерите не сме посебни

Пеп Гвардиола, како и сите други, го чека рестартирањето на сезоната во Премиер лигата, а во слободното време кое го има додека трае пандемијата со корона-вирусот, шпанскиот стратег размислувал околу целата ситуација во која западна светот. Шпанецот сфатил дека фудбалските ѕвезди не се толку посебни колку што ги величат.

„Фудбалерите со нетрпение чекаат да продолжи сезоната бидејќи за нив фудбалот е живот. Но, оваа пандемија ме натера да сфатам нешто важно. Ние тренерите, фудбалерите не сме посебни колку сметаме дека сме или нè сметаат. Посебни луѓе се лекарите, медицинските сестри, научниците, сите оние кои го ризикуваа сопствениот живот за да нè спасат нас“, истакна Гвардиола.

Инаку, предводникот на Граѓаните минатиот месец доживеа семејна трагедија откако неговата мајка Долорс почина на 82 години од корона-вирусот.

- Оглас -

Најнови вести