Гвардиола: Сити не игра најдобар фудбал во Европа, има една екипа која е подобра

Манчестер сити убедливо со 7:0 го декласира Лајпциг за пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите, во натпревар на кој Ерлинг Халанд постигна дури пет погодоци. Целиот фудбалски свет се восхитуваше на играта на Сити, но нивниот тренер Пеп Гвардиола вели дека неговиот тим не игра најдобар фудбал во Европа.

Шпанскиот стратег се восхитува на играта на Наполи, тим кој е лидер во Серија А, а е на пат да се пласира и во четвртфиналето од ЛШ.

„Наполи е можеби најдобриот тим оваа сезона во Европа. Со стилот на игра блиску е и Арсенал“, рече Гвардиола.

Наполи вечерва на свој терен од 21 часот ќе игра против Ајнтрахт Франкфурт во реванш-дуелот од осминафиналето во ЛШ, а италијанскиот тим има предност од 2:0 по средбата во Германија.

- Оглас -

Најнови вести