Гвардиола со него ја почна ерата во Манчестер сити, сега му соопшти дека мора да си замине

Илкај Гундоган може да си замине веќе ова лето од Манчестер сити и според информацијата на англиските медиуми нема да го доработи докрај договорот со актуелниот првак на Англија.

Гундоган има договор до следното лето со популарните Граѓани, но ќе може да си замине една година порано.

Интересно е што германскиот репрезентивец беше првиот играч што потпиша договор со Манчестер сити во 2016 година кога почна ерата на Пеп Гваридола на клупата на сините од Манчестер.

Тогаш за играчот на Борусија Дортмунд беше заинтересиран и Реал Мадрид, но Манчестер сити беше поконкретен и Гундоган ќе се памети како првиот потпис и успех на Гвардиола како тренер на Манчестер сити.

Објавено е дека Гундоган, сега на 31-годишна возраст би можел да се пресели во Реал, но поверојатна варијанта е да продолжи во клуб од Англија, или да се врати во Бундеслигата.

- Оглас -

Најнови вести