Гвардиола со рекорд кој далеку зад себе ги остави Клоп, Мурињо, Фергусон, Венгер…

Манчестер сити без многу проблеми со 3:1 ја победи Астон вила во меч од англиското првенство, а ова беше јубилеен 250-ти натпревар за Пеп Гвардиола како предводник од клупата. Шпанскиот стратег се израдува на 184 победи што е убедливо најдобар биланс од сите тренери во историјата на Премиер лигата по првите 250 средби.

Далеку зад Гвардиола се сите останати по бројот на победи во првите 250 средби. Јирген Клоп имаше 160 победи во првите 250 средби како тренер во Премиер лигата, Жозе Мурињо беше со 158 триумфи, а потоа следуваат две големи легенди. Алекс Фергусон во првите 250 меча како предводник на Манчестер јунајтед имаше 152 победи, додека Арсенл Венгер со Арсенал на 250 дуели се радувал на 146 победи.

- Оглас -

Најнови вести