Гвардиола со специјално барање до УЕФА пред мечот со Реал, веднаш стигна и одговорот

Манчестер сити и Реал Мадрид вечерва ќе бијат битка за пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите, а барањето кое Пеп Гвардиола го упати до УЕФА е уште еден доказ дека големите екипи не оставаат ништо на случајноста.

Каталонскиот тренер на клупата на Граѓаните од претставниците на УЕФА побарал да им биде дозволено да го наводнуваат теренот пред натпреварот во случај да не заврне дожд во Манчестер. Ваквото барање следувало поради подобро прилагодување на тревникот за она што го работеле на тренинзите и што било подготвувано за вечерва.

Веднаш следувал и одговорот од претставниците на УЕФА, кој бил позитивен, па така тревникот на „Етихад“ вечерва ќе биде воден и лизгав, односно онаков каков што им одговара на домашните фудбалери.

- Оглас -

Најнови вести