Гвардиола упати порака до играчите на Саутемптон пред дуелот со Ливерпул: Победете ги 4:0!

Манчестер сити е во пол позиција во трката за титулата во англиската Премиер лига, но вечерва Ливерпул може да ја направи завршницата многу драматична. Сити има 90 бодови од 37 кола, додека Ливерпил има 86 бодови од 36 кола и доколку тимот на Јирген Клоп вечерва победи, разликата нќе се намали само на еден бод, во пресрет на последното коло.

Интересна беше изјавта на Пеп Гвардиола, кого го прашаа дали има некаква порака до фудбалерите на Саутемптон пред дуелот со Ливерпул. Тренерот на Манчестер сити категорично порача: „Победете го Ливерпул со 4:0“!

Иако пораката му е дека чека триумф на Саутемптон од 4:0, Пеп е реален, па во продолжение порача дека титулата ќе биде решена во последното коло.

„Голема е привилегијата сами да решаваме за титулата и тоа на свој стадион, без да мислиме на резултатите на другите. Едноставно мораме да го дадеме најдоброто од себе за да победиме. против Вест хем игравме добро, но за жал не победивме, па ете изгледа ќе мора да одлучуваме самите за себе“, додаде Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести