Гвардиола во шок, праша дали тренерот на Слован испил вино пред да го каже тоа за него (Видео)

Манчестер сити е во Братислава и вечерва ќе игра против словачкиот првак Слован во второто коло од Лигата на шампионите, а менаџерот Пеп Гвардиола на прес-конференцијата имаше реакција која стана хит.

Гвардиола се изненади кога слушна прашање од новинар. Му кажаа дека тренерот на Слован, Владимир Вајс, го споредил Гвардиола со познатиот архитект Антони Гауди.

„Дали колегата испил чаша вино пред да го каже тоа?“, рече Гвардиола и почна да се смее.

Гауди е најпознатиот каталонски архитект, починат е речиси пред 100 години, неговото најпознато дело е неверојатната градба, црквата „Саграда фамилија“ во Барселона.

„Саграда фамилија сè уште не е завршена. Кога ќе дојдете таму, разбирате што направил Гауди. Каква визија имал во тоа време, без денешната технологија, без ништо, изгледа невозможно“, рече Гвардиола.

Вајс пред дуелот со Сити го испофали Гвардиола.

„Би го споредил Пеп со Гауди, тој гради нешто што никој не може да го разбере. Тој е гениј исто како што Гауди имаше своја идеја да изгради катедрала и сега го постигна она што сакаше да го направи. Тој бира играчи кои одговараат на неговата филозофија. Ги сакам Анчелоти, Клоп, но Пеп го промени фудбалот со ставот, креативноста и тврдоглавоста на добар начин. Секој играч игра на својата позиција, без разлика дали во Барса, Баерн Минхен или Сити, играчите знаат како да се движат, каде да бидат, која е нивната позиција“, рече Вајс.

https://twitter.com/i/status/1840824082385781119

- Оглас -

Најнови вести