Хабиб: Борбата со Конор ми беше најважна во кариерата

Хабиб Нурмагомедов, шампионот во Ултимејт фајт во лесна категорија, кажа која му била најтешка, а која најважна борба во кариерата која ја заврши како непоразен. Рускиот УФЦ шампион ја заврши кариерата со 29 победи.

„Не сум имал лесни борби, иако некогаш тоа така изгледало од страна. Како најтешка би издвоил една од 2012 година, тогаш имав 24 години и се борев со Бразилецот Глејсон Тибау. Во тоа време тој беше во победничка серија и во топ 15 борци. Тие борби беа тешки и ментално и физички. Најважна борба? Се разбира, онаа во октомври 2018 година против Конор Мекрегор. Речиси цел свет ја гледаше таа борба, дури и СП во Русија не беше толку гледано таа година. Таа борба ни ги подели кариерите на пред и потоа. По таа борба, многу работи се сменија, се зголеми вниманието“, вели 32-годишниот Хабиб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести