Хабиб даде прогноза за Лигата на шампионите и порача: Запаметете што сум кажал (Фото)

Светскиот шампион во ултимејт фајт во лесна категорија, рускиот борец Хабиб Нурмагомедов, по ждрепката за осминафиналето во фудбалската Лига на шампиони, се јави со своја прогноза. Хабиб е љубител на фудбалот и се осмели пред цел свет да каже што мисли дека ќе се случува во првата елиминациска фаза.

Според Дагестанецот, во четвртфинале ќе одат сите тимови кои беа носители. Ова значи дека Хабиб, кој го симпатизира Реал Мадрид, типува против Барса и Атлетико, кои имаат тешка задача.

„Мислам дека понатаму ќе поминат сите тимови кои се од десна страна и ќе гостуваат на првиот меч. Направете принт скрин, ќе видиме дали сум погодил“, напиша Нурмагомедов.

- Оглас -

Најнови вести