Хабиб даде реална прогноза за тоа кои два тима ќе играат во финалето на ЛШ

Светскиот шампион во ултимејт фајт во лесна категорија, Русинот Хабиб Нурмагомедов, познат е и како љубител на фудбалот, неколку пати има кажано дека омилен тим му е Реал Мадрид, па откако испадна Реал, тој можеби и малку пореално гледа на ситуацијата во Лигата на шампионите. Хабиб смета дека во финалето на ЛШ ќе играат Манчестер сити и Пари Сен Жермен, а во моментов тоа е и потенцијалното финале со најмала квота, што значи дека е најреално според коефициентите во обложувалниците.

„Тешко е да се предвиди кој ќе биде шампион. ПСЖ долго време немаше играно, Аталанта дојде на чекор од полуфиналето, но ПСЖ на чудесен начин победи. Атлетико беше мој фаворит, но испадна од Лајпциг. Генерално, не е баш јасно дали понатаму ќе оди Барса или Баерн. Тешко е да се предвиди, но мислам дека финалето ќе биде ПСЖ – Манчестер сити“ – прогнозира Хабиб.

- Оглас -

Најнови вести