Хабиб е недопирлив, набрзина го среди и Поjре (Видео)

Хабиб Нурмагомедов е непобедлив во октагонот, а и вечерва лесно со апсолутна доминација во текот на неполни три рунди го победи привремениот првак во лесна категорија Дастин Поjре.

Со прекин на борбата во третата рунда Хабиб ја забележа 28-та победа без ниту еден пораз во кариерата, против Американецот кој не беше дораснат противник.

Рускиот борец се врати по 9-месечната пауза, а стаса и да ја насмее публиката во Абуд Даби. Повторно ја прескокна оградата, но не за да се тепа надвор од рингот, туку за да се поздрави со Дејна Вајт првиот човек на УФЦ.

- Оглас -

Најнови вести