Хабиб ја исполни желбата на мајка му, но дали ќе ја исполни и таа на татко му?

Неприкосновениот ултимејт фајт шампион во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, во саботата по победата над Џастин Гетџи, изјави дека ја завршува кариерата бидејќи тоа од него го барала мајка му и тој не смее да ја одбие. Хабиб се повлекува како непоразен, со биланс од 29 победи и ниту еден пораз, но првиот човек на УФЦ, Дејна Вајт, не е убеден дека Хабиб веќе никогаш нема да се појави во октагонот.

Вајт најавува голем пресврт и можно враќање на Хабиб, кој веќе е дома во своето село, каде што сака да продолжи мирен живот, далеку од светлата на рефлекторите на големата сцена и од очите на пошироката јавност. Вајт разговарал со Русинот од Дагестан и верува дека има шанса тој да се премисли и да се бори барем уште еднаш.

„Беше многу емотивно по неговата 29-та победа, но мислам дека тој ќе брка и 30-та победа. Неговиот татко целеше кон 30-0, мислам дека ќе сака да му ја исполни желбата“, оптимист е Вајт.

Таткото на Хабиб, Абдулманап, почина пред неколку месеци, па Хабиб многу емотивно ги проживеа моментите по победата над Гетџи. Ако навистина Хабиб се појави уште еднаш, негов противник би бил Џорџ Сент Пјер.

- Оглас -

Најнови вести