Хабиб ја одби можноста да се врати: Купив овци, а ќе станам и земјоделец

Непобедливиот УФЦ шампион Хабиб Нурмагомедов, минатиот месец ја заврши блескавата кариера, а многумин шпекулираат дека може да се очекува враќање на Дагестанецот во рингот. Хабиб има 29 победи во исто толку меча, а шпекулациите беа дека шампионот ќе се врати за да стигне до 30 победи во кариерата, па потоа за се повлече.

Сепак, Хабиб објасни кои се неговите планови за во иднина.

„Можете да се борите колку сакате, но мора да имате некоја цел за тоа. Јас мојата ја исполнив“, објасни Хабиб, а потоа додаде што се неговите следни цели. „Наредната година ќе дипломирам и сакам што е можно повеќе да напредувам на полето на образованието. Инаку веќе купив и овци и сега се занимавам со земјоделство. Сакам да го развивам бизнисот на тоа поле. Имам и крави, бикови и сакам целосно да се посветам на тоа. Само што започнав и уште сум на почеток, но сакам тука да се развивам. Сакам да работам нешто корисно“, рече Хабиб.

Шампионот реши да се повлече откако пред само неколку месеци почина неговиот татко поради компликации со Коронавирусот и тоа беше поводот за негово повлекување.

 

- Оглас -

Најнови вести